Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Рк Вардар Јуниор загуби од Ц. Ѕвезда на контролен натпревар
Рк Вардар Јуниор загуби од Ц. Ѕвезда на контролен натпревар

Рк Вардар Јуниор загуби од Ц. Ѕвезда на контролен натпревар

Екипата на Рк Вардар Јуниор предводена од Пепи Манасков се наоѓа во Србија, каде во наредниов период ќе одиграат контролни натпревари со екипите на Црвена Ѕвезда и Железничар од Ниш. Веќе во првиот закажан пријателски дуел, црвено-црните беа поразени од Ц. Ѕвезда со резултат 35:25. По првото полувреме одржувавме резултатска рамнотежа, кога противникот имаше само три голови предност (12:9). Падот во нашата игра на стартот од вториот дел, кога Српскиот претставник направил серија од пет последователни голови, било решавачко за конечниот висок пораз.

Вардар Јуниор на овие натпревари ќе биде без еден од своите најдобри поединци, тоа е Бобан Андовски. Филип Арсеновски кој настапува на позицијата пикер од екипата на Рк Вардар 2, доби шанса од тренерот Манасков да биде дел од составот на Јуниор на овие контролни натпревари.  Истиот довербата ја оправда и го заврши мечот со два постигнати голови. Најефикасен играч беше организаторот на играта Филип Чурлевски кој постигна 5 погодоци. Првиот избор на голот Чаневски имаше 8 одбрани, додека Ивановски го заврши дуелот со 7 одбрани.

Вардар јуниор: Чаневски (8 одбрани), Ивановски (7 одбрани), Филиповски (6 одбрани), Манасков 1, Чурлевски 5, Вујачиќ 3, Тренчевски 1, Јовчевски 2, Поповски 3, Ангелов 2, Спасовски, Васлевски 1, Арсеновски 2, Ристов 1, Недановски 2, Ѓорѓиевски, Симиќ 2.