Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Познати термините во Челинџ купот, Жрк Вардар јуниор “брка“ историски пласман
Познати термините во Челинџ купот, Жрк Вардар јуниор “брка“ историски пласман

Познати термините во Челинџ купот, Жрк Вардар јуниор “брка“ историски пласман

Жрк Вардар Јуниор ќе брка историски пласман помеѓу најдобрите четири екипи во рамките на Челинџ купот. Веќе се познати термините на одигрување на двата натпревари против екипата на Карпати од Украина. Избраничките на Симе Симовски ќе бидат домаќини на првиот дуел, кој ќе се одигра на 22-ри вефруари во спортскиот центар Јане Сандански. Истиот ќе започне во 18:30 часот, а Вардарки ќе се обидат со што подобра предност да го започне реванш натпреварот во Украина. Вториот натпревар е закажан на 28-ми вефруари, со почеток од 17:00.

Одлична можност за овие млади девојки, кои оваа сезона се најпријатното изненадување на домашната и меѓународна сцена. Во женската скопско-супер лига се наоѓаат на првото место со максимален број на освоени бодови. Во европските натпреваруња, беа подобри од екипите на Лондон Ејнџелс и Војводина Минаква.