Вчера на теренот кој се наоѓа во хотелски комплекс „Старлајт“, во Сиде вардарци се сретнаа со Черноморец Одеса и триумфираа со резултат 2-0. Стрелци за црвено-црните беа двата интернационалци: бразилскиот Фелипе во 60 минута погоди гол кој може да се каже дека е ремек-дело од слободен удар, победата ја обезбеди Хамбарџумјан во 75 минута од дуелот.
За црвено-црните овој меч го зпочнаа следните 11-сетмина: Пачовски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Глигоров, Спировски, Фелипе, Асани, Којашевиќ, Ќеран, а играа уште: Блажевски, Ивановски, Стојков, Николов, Грозданоски, Мијушковиќ и Велковски.
Видеото од овој претпоследен тест-дуел во Анталија ќе може да го погледнете во продолжение :