ФФМ ги делегираше судиите за првото коло во ПМФЛ оваа пролет. Нашиот ФК Вардар в недела го пречекува тимот на Ренова од Тетово, овој натпревар започнува во 14 часот. Далибор Ѓорѓевски доаѓа од Куманово. На последните пет натпревари кога бил судија на Вардар, Вардарци победиле, се надеваме дека така ќе биде и в недела.
На Ѓорѓевски ќе му помагаат Горан Манасиев од Велес и Орце Стефановски од Кратово, додека четврти судија е Дарко Стојчевски од Скопје. Делегат на мечот е Гоце Цветановски од Демир Хисар. Контролор на судењето е Ѓорѓе Гоцевски од Струмица.