Фк Вардар генерација родени “2004“ се вистински херои за црвено-црното семејство. Во периодот од 17-21 февруари, заедно со генер. “2005“ беа дел од силен меѓународен турнир во Бугарија. Избраниците на Филип Арсовски направија голем успех, освојувајќи го првото место на истиот. Тие во големото финале беа подобри од екипата на ЦСКА од Софија со резултат 1:0. Претходно во полуфиналниот дуел, црвено-црните совладаа уште една силна Бугарска екипа. Левски од Софија не беше ни достоен противник за нашите момчиња, кои победија со убедливи 3:0.
-Турнирот во Бугарија помина во најдобар ред, на кој имаше многу добри услови за играње. Финалниот натпревар беше против екипата на ЦСКА од Софија, кој го добивме со минимален резултат од 1:0. На овој меч целиот тим пружи и повеќе од своите можности и може да се каже дека го оставивме срцето на терен. Задоволен сум од прикажаните игри на моите соиграчи и од самиот себе. Нашит тренер Филип Арсовски ни истакна дека е презадоволен од успехот што го постигнавме на турнирот во Сандански. Потајно очекувавме и се надевавме дека можеме да стигнеме до големото финале и да го освоиме првото место. Со таква цел тргнавме од Скопје и на крајот се покажа како реална.
Стефан Тасев го доби признанието за најдобар голман на турнирот во Сандански во неговата генерација. Ова е веќе втора ваква награда за пола година, откако Стефан беше избран за најдобар голман и на турнирот “Фер Плеј куп“ во Охрид во месец август изминатава година.
-Наградата која ја добив на овој турнир значи дека сум постигнал многу за пола година и ќе продолжам и понатаму да работам напорно, изјави Стефан Тасев за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски