Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ за Вардар Фанс: Им покажавме на сите кои не веруваа во Вардар, дека оваа екипа е “институција“ и дека ние сме желни и гладни за победи и успеси
Радичевиќ за Вардар Фанс: Им покажавме на сите кои не веруваа во Вардар, дека оваа екипа е “институција“ и дека ние сме желни и гладни за победи и успеси

Радичевиќ за Вардар Фанс: Им покажавме на сите кои не веруваа во Вардар, дека оваа екипа е “институција“ и дека ние сме желни и гладни за победи и успеси

Вардарки конечно го пронајдоа “лекот“ за екипата на Будуќност и ја совладаа во спортскиот центар Јане Сандански. Во еден возбудлив и неизвесен натпревар, во завршните пет минути црвено-црните направија голем подвиг, успевајќи од негатива да дојдат до предност, која ја задржаа до самиот крај. Херој во триумфот на нашиот ракометен шампион, беше голманката Амандин лејно, која го заврши дуелот со 19 успешни интервенции. Најефикасни во нашиот состав беа Лазовиќ со 6, Пенезиќ постигна 5, додека Радичевиќ беше стрелец на 4 погодоци.

-Многу ми е мило што победивме. Од почетокот па се до крајот верувавме во себе, бидејќи со Давид Дејвис добивме на самодоверба во својата игра. Клучот на победата беше тимскиот дух и тоа што го оставивме последниот атом од нашите сили на теренот. Беме храбри и паметни, одигравме мирно во моментите кога беше најпотребно.

Вардарки имаа само бод заостанување зад прво и второпласираните екипи на Будуќност и Ѓер, во пресрет на последното коло од главната групна фаза.

-Пресреќна сум  бидејки им покажаме на сите кои не веруваат во Вардар, дека оаа екипа е “институција“ и дека ние сме желни и гладни за победи и успеси. Некогаш играме подобро, а некогаш полошо, но никој неможе да каже дека не сакаме да победиме. Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа да не бодрат, се надевам дека ги направивме среќни со нашата победа, изјави Јованка Радичевиќ за нашиотг сајт.

Звонко Ивановски