Црвено-црниот млад женски колектив Жрк Вардар Јуниор ќе брка историски пласман помеѓу најдобрите четири екипи во рамките на Челинџ купот. Противник во 1/4 финалето е екипата на Карпати од Украина. Избраничките на Симе Симовски ќе бидат домаќини на првиот дуел, кој се игра денес во спортскиот центар “Јане Сандански“, од 18-30 часот.
Нашиот противник е лидер во украинското првенство со 19 победи од 20 натпревари во досегашниот тек од сезоната. Симевски се одлучи да настапи со следните ракометарки: Белмезова, Ладева, Бојаџиска, Џини, Гичевска, Ѓоргиевска, Керамичиева, Мишевска, Митова, Николовска, Петровска, Прленда, Стојановска, Трајчевска, Трпковска.