Денес две наши фудбалски генерации одиграа пријателски натпревари во Софија, против екипата на Левски. Помладите пионери ги победија своите врсници од Левски, додека кадетите одиграа без победник, со почетниот резултат 0:0.
Нашите помлади пионери во еден интересен натпревар, беа подобра екипа од противникот забележувајќи триумф со конечен резултат од 2:1. Инаку треба да се напоменеме дека Левски по првото полувреме имаше водство од 1:0. Во вториот дел многу подобра игра на црвено-црните, кои направија комплетен пресврт со два погодоци во противничката мрежа. Првиот погодок беше дело на Давид Астарџиев, додека вториот вреден победа го постигна Виктор Петковски. Вардарци само ја потврдија доминацијата на уште една наша генерација, која претходно го освои турнирот во Бугарија, со победи токму против Левски и ЦСКА од Софија.
Кадетите пак со своите врсници од Левски одиграа без голови 0:0. Иако двете екипи имаа свои периоди на доминација и неколку прилики за гол, сепак резултатот остана непроменет. На двата натпревари се играа две полувремиња по 40 минути.