Голманот на црвено-црниот машки ракометен колектив кој го замени од клупата големиот Арпад Штербик и успеа да помогне на тимот Страхиња Милиќ-Џамбо за одлчиниот настап против Пик Сегед доби две признанија од ЕХФ. Тој е избран во идеалната седморка на ова 13.коло, а воедно и најде место во топ пет најубави одбрани за оваа рунда. Тој со својата чудесна интервенција го зазема второто место во овој избор. Џамбо влезе од клупата на овој меч со унгарцкиот тим и дуелот го заврши со 13 одбрани
Видеото за иделниот тим во 13сетата рунда од ЕХФ лигата на шампионите може да го погледнете -ТУКА
Видеото од изборот на пет најубави одбрани за оваа предпоследно коло во елитната лига може да го погледнете -ТУКА