Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Симе Симовски го објави списокот на ракометарки, на кои ќе смета за претстојните два натпревари против репрезентацијата на Словенија. Ова се дуели во рамките на квалификациите за европското првенство во Шведска. Во претходните две кола бевме поразени од селекцијата на Црна Гора ( гости) и Хрватска (дома). На списокот за мечевите со Словенија преовладуваат девојки од ракометниот клуб на Вардар.
Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Симона Стојановска, Теодора Керамичиева, Сара Ристовска, Наташа Нолевска и Стефанија Мишевска. Од претходните два натпревари единствено поради повреда недостасува Ангела Тодоровска која настапува за Жрк Вардар Јуниор. На нејзинот место дополнително е повикана нејзиниот соиграч Стефанија Мишевска.
Најпрво на 10-ти март гостуваме во Марибор, додека два дена подоцна играме во Скопје.