Црвено-црниот женски ракометен колектив вечерва го одиграа првиот 1/4-финален натпревар во купот на Македонија. Противник ни беше македонскиот суперлигаш екипата на Овче Поле. Победникот уште пред да започне мечот беше јасен, прашањето беше колкава ќе биде разликата, а таа стигна до 34 гола позитива на крајот од дуелот.
Индира Кастратовиќ во овој меч не ги користеше Суслина, Лекиќ, Лејно, Радичевиќ, Пенезиќ, Лазовиќ бидејќи беше познат победникот уште од почетокот. Главна движечка сила кај нашите девојки беше македонската репрезентативка Сара Ристовска која успеа да погоди 14 пати на овој дуел со екипата на Овче Поле. Мечот почна веднаш со канонада кон голот на гостинките црвено-црните поведоа со 5-0 уште на почетокот. Предноста постојано раснеше и на полувреме се замина со резулат 21-7. Вториот дел продолжи во исто темпо како и првиот нашите девојки од минута во минута само ја зголемуваа предноста за да по крајот на мечот на семафорот во Јане Сандански резулатот да гласи 48-14. Покрај Ристовска која беше број еден поединец поистакнати во оваа победа беа црногорката Кликовац со 12 гола, Човиќ погоди 10 пати , а пак Итана Грбиќ стрелаше прецизно 5 пати.