Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните блиску до треттото место во групата и “реприза“ на 1/8 од минатата сезона против Висла Плоцк
Црвено-црните блиску до треттото место во групата и “реприза“ на 1/8 од минатата сезона против Висла Плоцк

Црвено-црните блиску до треттото место во групата и “реприза“ на 1/8 од минатата сезона против Висла Плоцк

Дали е можно реприза на осминафиналето од минатата сезона во лигата на шампионите, ќе дознаеме по завршување на последното коло од групната фаза. Црвено-црните направија голем исчекор кон освојување на треттата позиција во својата група, откако во можеби најважниот натпревар од групата го победија силниот тим на Пик Сегед и си ги зголемија шансите за подобар пласман после завршување на последните групни мечеви. На тој начин го избегнавме сигурно четвртопласираниот тим на Германски Кил во групата А.

Вардар покажа карактер на голем тим на натпреварот во Унгарија и сосема заслужено го победи својот противник, На голот го имавме одличниот Страхиња Милиќ кој го заврши дуелот со 13 успешни интервенции, откако во последните седум минути од првото полувреме го замени Арпад Штербик. Популарниот “Џамбо“ беше голем иницијатор за конечниот триумф, кој речиси и го откажа Унгарскиот вицешампион. Ова беше сигурно најдобриот негов меч од почетокот на сезоната. Во нападот го имавме расположениот Хорхе Македа кој успеаа да постигне 8 голови, како и неговиот соиграч од репрезентацијата Алекс Душебаев, кој за само едно полувреме додаде 5 погодоци. Одбраната функционираше на највисоко ниво, која успешно го запре нивниот најопасен играч, словенскиот репрезентативец Деан Бомбач.

Во другите дуели од нашата група, фаворитите забележаа сигурни победи. Барселона излезе како победник на гостувањето кај Кристијанштад, Рајн-Некар го победи Колдинг, додека Киелце беше подобар на гостински терен од екипата на Монпелје. Во последното коло кое ќе се одигра овој викенд, Вардар е домаќин на Монпелје, Барселона го дочекува германскиот бундеслигаш Рајн-Некар, Киелце за противник ќе го има Пик Сегед,  додека Колдинг ќе го нагости тимот на Кристијанштад.

Барселона доколку сака да заврши како првопласиран и да обезбеди директен пласман во 1/4, ќе мора на домашен терен да го победи Рајн-Некар. Вардарци се апсолутен фаворит во дуелот со Монпелје, кој веќе еднаш го победивме во Франција. Кристијанштад има шанси шесттата позиција, само под услов да победи на гостувањето во Данска, додека Киелце е фаворит во дуелот со Пик Сегед, кој би му донел сигурно второ место, а истовремено би чекал “кикс“ на Барселона. Доколку се оди според планираното, Вардарци се многу блиску до освојување на третото место во групата. Во тој случај противник во 1/8 би ни бил тимот на Висла Плоцк од Полска, кој сигурно е дека ќе го освои шестото место во групата А. Така би гледале реприза на 1/8 од минатата сезона, кога токму овие две екипи се бореа за пласман во најдобрите осум. Тогаш црвено-црните со одличната партија во Ј. Сандански успеаа да го елиминираат Полскиот вицешампион и да надомести негатива од шест голови. Во случај доколку на крај завршиме како четврти, тогаш во 1/8 би се сретнале со екипата на Загреб. Има неколки калкулации, но најреалната е Вардар да го совлада Монпелје, додека Барса да ја оправда улогата на фаворит и да слави против Рајн-Некар.