Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Фк Вардар одиграа без голови со екипата на Земун
Кадетите на Фк Вардар одиграа без голови со екипата на Земун

Кадетите на Фк Вардар одиграа без голови со екипата на Земун

Денес на теренот во Дојран се одигра пријателски натпревар помеѓу кадетските екипи на Фк Вардар и Земун (Србија). Овој дуел заврши без победник, со почетниот резултат од 0:0. Црвено-црните имаа неколку шанси да ја затресат противничката мрежа, но нивните обиди останаа неискористени.

Ова се последни подготовки за нашите кадети, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде се наожаат на четвртото место на табелата. Избраниците на Влатко Колев во првото пролетно коло ги очекува дербито со екипата на Работнички, меч кој ќе се одигра на теренот на локомотива. Во првиот дуел одигран на теренот на противникот, нашите надежи забележаа триумф. Во купот, оваа генерација исто така се пласираше во полуфиналето.