По повод натпреварот од последното коло во групната фаза од ЛШ против Монпелје, денеска во просториите на СЦ. ”Јане Сандански” РК Вардар одржа Прес-конференција на која присуствуваше нашиот тренер Гонзалес и капитенот Лазаров. Гонзалес и Лазаров го изјавија следното:
-
Во пресрет на натпреварот против екипата на Монпејле ние се наоѓаме во добра ситуација. Ако го победиме Монпелје сите дилеми околу треттото место ќе бидат решени, но доколку се случи да загубиме екипата на Рајн Некар ќе биде мотивирана во дуелот со Барселона. Затоа е важен овој дуел за нас, на кој самите си решаваме за нашата позиција. Треба да ја искористиме оваа шанса и со поддршка од публиката со триумф да ја завршиме групната фаза. – изјави Гонзалес
Тимот на Монпелје располага со голем квалитет, со самото тоа дека доаѓа од Франција говори за каков противник станува збор. Тие ќе дојдат во Скопје доста растеретени дека мора да освојат бодови и затоа мора да влеземе во мечот со голема претпазливост и респект. Сигурно дека ќе пробаат да направат изненадување, но ние нема тоа да го дозволиме. Претходно остваривме две последователни победи, особено важна беше онаа во Сегед. Да ја искористиме оваа можност со триумф на саботниот дуел да влеземе во добра форма пред предизвикот во осминафиналето рече Лазаров.