По последниот меч во групната фаза од европската лига на шампиони помеѓу нашиот црвено-црн машки ракометен колектив и француски Монпелје се одржа стандардната прес-конференција во прес-салата при С.Ц “Јане Сандански“. На истата присуствуваше шефот на стручниот штаб на вардарци Раул Гонзалес, тој за овој меч изјави :
Гостинот одигра добар меч, во првиот дел на нас ни беше тешко. Одлично ги почнавме првите 15 минути , стигнавме до 4/5 разлика, но потоа тргна како што не требаше и одмор дојдовме до нерешено. Во вториот период Милиќ беше подобар, а тргна и контрата. Мислам и дека они беа малку уморени , тие одиграа во средата со Ним, немаа многу време за одмор. Задоволен сум што сега сме на 3.место и ако вечерва Барселона победи тоа ќе остане така- Изјави Раул.
Од играчите на нашиот ракометен љубимец на оваа последна прес-конференција во групната фаза присуствуваше српскиот интернационалец пикоерот Мијајло Марсениќ, тој за овој меч со францускиот тим го изјави следното за новинарите:
Многу тежок натпревар за нас, во првите 15 мин игравме добро во напад и во одбрана по што следуваше период на криза во нашата игра. Во средината на второто полувреме успеавме да ја вратиме препознатливата игра од почетокот и ова темпо го државме до самиот крај. Сакам да им се заблагарам на играчите на нашиот противник за фер и коректната игра- изјави Марсениќ.