Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за Академија-1 генер. “2004/05“ во машка и женска конкуренција
Победи за Академија-1 генер. “2004/05“ во машка и женска конкуренција

Победи за Академија-1 генер. “2004/05“ во машка и женска конкуренција

Денес продолжија натпреварите од ракометната “Јуниор“ лига кои се играа во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански. Натпревар во генерација родени “2004/05 кај девојчињата одиграа екипите на РК Ново Лисиче и Академија 1.

Може слободно да се каже дека Ново Лисиче пропушти шанса да победи на овој дуел, откако речиси во текот на целиот натпревар имаа постојано водство. Една и единствена предност за Академија 1 од 9:10 која им донесе и триумф на овој дуел. Ова беше и конечниот резултат на овој интересен натпревар. РК Ново Лисиче одлично го започна натпреварот и веќе за брзо време успеаа да има водство од 3:0, додека на првиот погодок Академија 1 чекаше до 7 минута кога намали на 3:1. Како одминуваше првото полувреме нивната предност се топеше (4:3), за на полувреме да се замине со минимална предност на Н. Лисиче 5:4.

На почетокот на второто полувреме се случи и првото израмнување. Во овој период се играше речиси гол за гол на двете страни, сепак Ново Лисиче постојано го држеше резултатот во своја корист. На четири минути пред крајот Лисиче имаше водство од 9:7 и се чинеше дека се многу поблиску до победата. Сепак Академија 1 успеаа со неверојатен пресврт и со три голови во серија да го сврти резултатот и да победи со 9:10. Последен напад за израмнување имаше Н. Лисиче, но голманот на Академија 1 не дозволи да прими гол.

vardarfans pobedi za akademija 1

Веднаш после нив на теренот излегоа екипите на Гостивар и Академија 1 во иста генерација, но во машка конкуренција. Победа забележа екипата на Академија 1 со резултат 4:8. Заслужен триумф за Академија 1, кој имаше константно водство во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме Академија 1 имаше водство од 2:4. Второто полувреме започна со гол на Академија 1 за зголемување на предноста. Гостивар сериозно се доближи до нивното водство и успеаа да намали на 4:5. Иако имаа и напад за израмнување тоа не се случи, па до крајот на мечот Академија 1 постигна уште три гола, за конечен резултат од 4:8.