Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров втор стрелец во Л.Ш

Дибиров втор стрелец во Л.Ш

По 9 одиграни кола во најелитното натпреварување нашиот Тимур Дибиров се наоѓа на 2-та позиција најдобар стрелец.
Дибиров досега успеа да запише 63 погодоци, што го прави втор стрелец, само капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров е пред него.
url
Најуспешна партија на Тимур му беше токму оваа против Монпелје каде успеа да запише 12 погодоци, двоцифрена реализација имаше и на отворањето во првото коло во Целје каде запиша 11 реализации.

Само за напомена Дибиров минатата сезона запиша 72 погодока, што значеше и убедливо најефикасен вардарец, а се најде и во топ 5 стрелци на крајот на сезоната.
- Се надеваме дека оваа сезона Тимур ќе дојде до рушење на сопствениот рекорд!