Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Олимписка виза ќе “ловат“ шест девојки од ЖРК Вардар
Олимписка виза ќе “ловат“  шест девојки од ЖРК Вардар

Олимписка виза ќе “ловат“ шест девојки од ЖРК Вардар

Престојниов викендов на програмата се квалификациските турнири  за пласман на Олимпијадата во Рио , во женска конкуренција. Дури  шест ракометарки на нашиот црвено-црн женски ракометен колектив  ќе се обидат со своите национални  репрезентации да обезбедат место за најголемиот спортски настап годинава во  Бразил.

За три земји ќе настапат нашите деојки и тоа за: Франција, Црна Гора  и Русија. Нема да има дуел помеѓу нашите девојки на турнирите , бидејќи  тие ќе играат на три различни турнири. Повикани се следните ракометарки за репрезенацијата на Црна Гора: Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац, Итана Грбиќ, за француската селекција покани добиа : Амандин Лејно и Сираба Дембеле , а пак  Олга Черноиваненко ќе биде единствената црвено-црна девојка во рускиот состав. Од турнирите во женска како и тие во машка првите две репрезентаци од  групата ќе се пласираат на олимпискиот турнир.