Престојниот викенд на програмата се мечевите од најквалитетната фудбалска конкуренција во земјава. Црвено-црните својот меч ќе го играат во сабота на Националната арена “Филип втори“ со почеток во 14-00 часот. Наш противник е екипата која е “фенерџија“ во првата лига тимот на ФК Металург.
Вардар е апсолутен фаворит, имаме 42 бода предност над тимот кој сигурно гази кон второлигашката фудбалска конкуренција. Квалитетот, играчкиот кадар се е на страна на црвено-црните, а и историјата на мешусебни дуели. Во последните шест меча играчите на Вардар успеаа да освојат “максимален плен“ во сите тие шест дуели. На шесте последни меѓусебни дуели вардарци постигнале 13 погодоки во мрежата на металурзите, а примиле само 4 погодока во својата мрежа на овие дуели. Оваа сезона 2015/2016 се сретнуваме трети пат со овој противник, во првите два меча дома на 28-ми август и во гости на 1-ви ноември однесовме минимални победи со 0-1 и 1-0, сепак тоа беше доволно да освоиме масимални шест бода. Ние со 52 гола го имаме најефикасниот напад во лигата, а зелено-белите ја имаат најслабата реализација во лигата со само 15 погодици.