Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дејан Стоименов: Се надеваме на триумф, бидејки треба да продолжиме да чекориме по патот кој го почнавме против Работнички
Дејан Стоименов: Се надеваме на триумф, бидејки треба да продолжиме да чекориме по  патот кој го почнавме против  Работнички

Дејан Стоименов: Се надеваме на триумф, бидејки треба да продолжиме да чекориме по патот кој го почнавме против Работнички

Во недела ќе се одигра второто пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории, за кадетската и младинската екипа на ФК Вардар. Кадетите ќе гостуваат во Прилеп, на екипата на Победа, мечот ќе започне од 12 часот. Црвено-црните после триумфот во дербито со Работнички се наоѓаат во одлична позиција на табелата и добро расположение пред ова гостување. Само триумф е императив за црвено-црните, кои сеуште се во трка за шампионската титула. Во есенскиот дел, Вардарци на домашен терен ја совладаа Победа со резултат 3:1. Нивниот играч Дејан Стоименов за нашиот сајт ги споделува очекувањата во пресрет на овој натпревар.

-Очекувања за дуелот со Победа се позитивни. Се надеваме на триумф бидејки треба да продолжиме да чекориме по  патот кој го почнавме против  Работнички и да ја задржиме победничката серија. Максимално се подготвуваме за гостувањето во Прилеп, сметам дека сме големи фаворити бидејки  во есенскиот дел забележавме триумф и на табелата сме подобро пласирани од противникот. Расположението во екипата е на најголемо ниво, после големиот триумф над конкурентот за шампионската титула.

Оваа генерација се наоѓа и во полуфиналето на купот на Македонија. До крајот на сезоната има уште многу, затоа е потребно да се оди чекор по чекор.

-Работиме напорно секој ден, за секој нареден меч да го добиеме. Исто така не очекува и полуфинале во купот, каде се големи очекувањата да стигнеме во финалето. Во лигата моментално сме на треттата позиција, иако е рано да се зборува ние сме оптимисти за шампионската титула, изјави Дејан Стоименов за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски