Викендов се одиграа нови натпревари во ракометната Јуниор лига. Во спортскиот ракометен центар Кале се играа мечеви во женска конкуренција. Победи забележаа екипите на РК Филип-Вардар и РК Кузман, во генерација родени 2000/01 година.
Екипата на РК Филип Вардар за противник ја имаше Академија 1. Интересно е што првиот гол на овој меч го постигна екипата на Академија 1 за водство, по што до крајот на првото полувреме следеше серија на РК Филип од 1:9. Така на полувреме се замина со предност на РК Филип од 2:9.
Вториот дел започна исто така со погодок на Академија за намалување на негативата. Во средината на второто полувреме, поразениот се доближи на пет голови заостанување зад РК Филип, но тоа беше се што успеаа да сторат до крајот на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 8:13.
РК Кузман успеаа да забележи триумф без примен погодок во дуелот со Академија 1 во истава генерација. Конечниот резултат гласеше неверојатни 14:0. Зачудувачки но вистиното, ниту еден гол во текот на целиот меч не успеа да постигне тимот на Академија 1.