Во спортската сала “Кале„ младинките на Вардар одиграа меч од првенството со екипата на Бисинов. Црвено-црните девојки беа доминантни во текот на сите шеесет минути од овој дуел, тие го контролираа цело време и во првиот и во вториот дел резулатот.
По првите триесет минути ги добивме со резулат 19-3, во вториот дел екипата на Бисинов малку ја подобриа својата игра и успееа да постигнат 11 гола за разлика од првиот дел кога дадоа само три. Мечот заврши со резулат 40-14.