Викендов во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар во конкуренција на пионери, помеѓу екипите на РК Вардар и РК Лазарови. Овој натпревар заврши со нерешен резултат од 18:18. По првото полувреме исто така беше израмнето 10:10. Двете екипи имаа шанси за победа, на крајот можеби нерешениот резултат беше најреален исход на овој дуел. Имаше период кога Лазарови имаа предност од четири голови, Вардарци успеаа да израмнат. Избраниците на Будмир имаа и напад за триумф кој не го реализираа, ан спротивната страна Лазарови имаа последен напад за погодок, но резултатот остана 18:18. Најефикасни во нашите редови беа Дамјан Димитријевски со 6 и Никола Жерновски со 5 погодоци.
-Дуелот беше многу добар и неизвесен. Овој меч не беше еден од најдобрите до сега ,бевме многу блиску до победа но сепак и нерешено е многу добар резултат со екипа како што се Лазарови. Јас сум многу задоволен од мојот настап и до крај на сезоната може да се очекуваат подобри резултати од нашата екипа, изјави Никола Жерновски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски