Избраниците на Гоце Седлоски ќе ја искористат паузата во првата лига заради репрезентативни термини и ќе одиграат тест-меч со екипата на бугарски ОФК Пирин од Благоевград. Тие денес ќе бидат во Скопје каде ќе ги имаат стандардните активности во тренажниот процес. Утре во петок ќе одржат утрински тренинг кој е закажан со почеток во 10-00, а по завршувањето на истиот со автобуски превоз ќе се упатат кон нашиот источен сосед Бугарија поточно кон Благоевград каде во сабота ги чека пријателска средба.
Пријателскиот натпревар ќе се одигра во сабота со почеток во 14-00 часот. Истиот ќе се игра на стадионот на ОФК Пирин “Христо Ботев“ кој има капацитет од 7000 седишта. Екипата на Пирин во бугарскиот најквалитетна лига досега се наоѓа на 8-та позиција на табелата. Нашиот Вардар на овој дуел ќе настапи без играчите кои добија повик од репрезентациите на своите земји. Седловски нема да може да смета на Глигоров и Хамбарџумјан кој се повикани во сениорските селекции на Македонија и Ерменија, но и на Велковски и Николов кој се повикани за квалификациите на младинската селекција предводена од поранешниот тренер на Вардар селекторот на У-21 Боби Милевски.