Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Дербито се одигра во генерација родени “2002“ година помеѓу екипите на Вардар и Шкупи. На крајот подобар беше тимот од Чаир, кој славеше минимално со резултат 0:1.
Тренерот Петар Ѓоргиевски се одлучи за следниве 11-сетмина: Величковски, Ѓоргиевски, Симев, Костовски, Ѓурковски, Давидовски, Трајановски, Речица, Игнатов, Димитров и Фазлиу.
Натпреварот започна со одлична шанса за Вардарци за отварање на резултатот, која остана без реализација. Во следните минути екипата на Шкупи се обиде со два слободни удари да го загрози нашиот гол, сепак безуспешно. Следеше период кога се играше најчесто по средината на теренот, без некои посериозни акции од страна на двете екипи. Дамјан Трајановски шутираше од слободен удар директно во рацете на голманот на Шкупи. Шкупи пред постигнувањето на погодокот ја погоди пречката од нашиот гол. Сепак по една наша грешка во дефанзиваната линија, еден од противничките напаѓачи изби сам со Величковски кој го совлада за предност од 0:1.
Во второто полувреме црвено-црните имаа неколку убави прилики да го израмнат резултатот. Тренерот на Вардар се обиде со неколку изменид а донесе свежина во играта. Леонид Игнатов и Атом Фазлиу ги имаа првите обиди во вториот дел, сепак противничкиот чувар не дозволуваше неговата мрежад а биде затресена. Можеби најголемата шанса ја имавме кога Фазлиу по центар шут на капитенот Костовски со глава ја погоди пречката на Шкупи. Вардар се обидуваше да даде гол, сепак реализацијата на овој меч не беше на највисоко ниво. До крајот на мечот, Далибор Костовски се обиде од слободен удар, топката заврши високо анд голот на Шкупи. Последен во полу-прилика за израмнување беше Игнатов кој биеше во добро поставениот голман на тимот од Чаир. Инаку ова беше прв пораз во сезоната се ФК Вардар генер. “2002“.