Вардарци не застануваат и на пријателските натпревари. Следен на ”менито” на црвено – црните беше тимот на ОФК Пирин од Благоевград. На теренот на Пирин нашите момци во целост го надиграа противникот и славеа со резултат 0:1 (0:1)
ВАРДАР: Пачовски, Попов, Таневски, Грнчаров, Брдаровски, Спировски, Фелипе, Асани, Ќеран, Глишиќ, Стојков.
Играа уште: Гачевски, Мијушковиќ, Којашевиќ, Денковски, Грозданоски, Љамчевски, Ивановски и Петковски.
Вардарци уште во третата минута го отвориле резултатот со супер погодок на Јасир Асани од преку 20-сетина метри. Потоа Вардарци играле уште поубав фудбал, но повеќе голови во мрежата на бугарите немало од нашата екипа. Од друга страна пак и на овој натпревар нашата одбрана ја сочува својата мрежа. Ова беше увертира пред клучните четири натпревари од ПМФЛ.