Во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра дербито во машка кадетска конкуренција, помеѓу екипите на Вардар и Металург. На крајот поуспешен беше тимот од Автокоманда кој забележа победа со резултат 27:30.
Се играше вистинско дебри, во кое двете екипи приредија одлична ракометна претстава. Цело прво полувреме се играше гол за гол на двете страни. Натпреварот со гол го отворија црвено-црните, но Металург во наредниот период на моменти имаше предност од два гола разлика 3:5 и 5:7. Вардарци успеваат да го израмнат резултатот на 7:7, но со добра игра повторно да поведат со 11:10. До крајот на првиот дел ниту една од двете екипи не успеаа да се одлепи со повеќе од еден гол предност. Првото полувреме заврши со нерешен резултат 15:15.
На стартот на второто полувреме, Металург повторно ги враќа најголемите два гола предност (15:17). Решавачките моменти за конечникот победник на овој натпревар се случи кога од резултат 18:20, гостинот од Автокоманда постигна четири последователни голови за највисоки 18:24. До крајот нашите надежи немаа сили комплетно да се вратат во натпреварот, иако на пет минути до крај намаливме на 25:27.
Повратникот во редовите на Вардар, Мартин Карапалевски постигна дури 12 голови, го следеше Ален Ќосевски со 7 погодоци.
Вардар јуниор: Ќосевски 7, Антевски 1, Нанов 3, Николовски, Кизиќ, Карапалевски 12, Благопетров 2, Брунчевиќ, Динев, Атанасовски 1, Ангелковски, Тевдовски, Гроздановски, Мајсторовски, Стојановски, Биковски.