Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миа Петровска: “Јуниор“ лигата ја гледам како одлична можност за напредок и сопствена промоција како иден играч на Вардар
Миа Петровска: “Јуниор“ лигата ја гледам како одлична можност за напредок и сопствена промоција како иден играч на  Вардар

Миа Петровска: “Јуниор“ лигата ја гледам како одлична можност за напредок и сопствена промоција како иден играч на Вардар

Ракометната Јуниор лига продолжува успешно да се изведува и функционира во нејзината прва година. Во неа имаат можност да се натпреваруваат дечиња од различни возрасни категории, во машка и женска конкуренција. Натпреварите се играат во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и С.Р.Ц. Кале. Ние како медиум кој паралелно известува за случувањата во оваа лига, продолжуваме со промоција на најмладите играчи, кои во иднина би можеле да ги видиме и во првите тимови на ракометниот клуб Вардар. Миа Петровска настапува за екипата на РК Ново Лисиче, во генерација родени 2002/2003 година предводени од тренерот Марија Аврамоска и Лина Треноска.

-Јуниор лигата е одлична можност за презентација на сопствените квалитети, како и можност за надигрување со други ракометни школи.Со оглед дека лигата се организира прв пат,организацијата е на задоволително ниво,а самата лига дава можност за надигрување учење и дружење.Член сум на РК Ново Лисиче-Вардар. Сезоната ја стартувавме слабо, меѓутоа како одминува лигата така стекнуваме сигурност и ја подобруваме нашата игра,а со самото тоа дојдоа и подобри резултати.

Најдобрите од оваа лига еден ден ќе имаат можност да заиграат во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Затоа голема е желбата кај сите учесници во Јуниор лигата да ги покажат своите квалитети.

-Лигата ја гледам како одлична можност за напредок и сопствена промоција како иден играч на ЖРК Вардар. Самата поставеност и организација на лигата ги овозможува и двете опции, и да се натпреваруваме и да ги оствариме своите соништа, изјави Миа Петровска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски