Во среда на националната арена “Филип втори“ ќе се одигра скопското градско дерби помеѓу шампионот на Македонија и наш миленик Вардар и екипата од градски парк, ФК Работнички. “Романтичарите“ технички се гости на овој дуел од 25 коло во првата македонска фудбалска лига. За овој меч ќе биде отворена само Јужната трибина од арената, а истиот ќе се игра под рефлектори со почеток во 18-00 часот.
Вардар во овој дерби дуел влегува како фаворит , ние ова фудбалска пролет незнаеме за ништо друго освен за победи. Мечот го дочекуваме како лидери со 61 бод, а пак нашиот противник има речиси двојно помалку 33 и е на 5 позиција од табелата во ПМФЛ. Работнички последен пат над нас триумфираше на 4 април пред две години, отогаш на седум меча по ред со црвено-црниот фудбалски колектив нема забележано победа. Од тие седум меѓусебни мечеви шест се во првата фудбалска лига и еден е дуел во Суперкупот на Р.М. Во Суперкуп финалето по одиграно реми во регуларниот дел на пенали однесовме победа по неколку успешни интервенции на Гачевски. Во првенството од тогаш на шестте дуели забележавме три победи, а во три меча ги поделивме бодовите со соседите од градски парк. Утре ни останува само да уживаме на фудбалскиот дуел, да се надеваме дека со победа ќе ја продолжиме низата без изгубен бод оваа пролет и дека како првопласирани ќе влеземе во плеј-офф делот што ќе ни донесе поволна позиција во истиот.