На денешниот состанок на натпреварувачката комисија при ФФМ и официјално е суспендиран теренот на Чаир по немилите сцени во неделата. Сега ред е на дисциплинската комисија на ФФМ, да одлучи со колкава казна ќе се соочи домаќинот.
Како што и е добро познато на јавноста на неделниот натпревар на Чаир нашите играчи претрпеа разно разни навреди, во текот на натпреварот погоден со стаклено шише беше и нашиот играч Горан Попов, а по натпреварот беа нападнати и дел од нашите фудбалери, а Дамир Којашевиќ доби и бокс во носот. Очекуваме да се донесе голема казна за домаќинот на овој дуел.