Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов, Манасков, Карачиќ, Циндриќ, Македа и Душебаев во борба со своите селекции за олимписка “виза“ во Рио
Стоилов, Манасков, Карачиќ, Циндриќ, Македа и Душебаев во борба со своите селекции за олимписка “виза“ во Рио

Стоилов, Манасков, Карачиќ, Циндриќ, Македа и Душебаев во борба со своите селекции за олимписка “виза“ во Рио

Денес започнуваат квалификациските ракометни натпревари за олимписките игри во Рио. Вкупно 12 репрезентации ќе се борат да обезбедат учество на ова големо случување, од кои само 6 ќе ја имаат можноста да бидат дел од олимписките игри. Домаќини на трите квалификациски турнири ќе бидат Полска, Данска и Шведска. Како што е познато Македонската репрезентација денес го игра својот прв натпревар на овој турнир и тоа со домаќинот Полска. Овој дуел ќе се одигра од 20:30 часот. Во составот на нашата репрезентација се наоѓаат и двајца ракометари на Вардар. Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се претставници од нашиот клуб во оваа група, во која се наоѓаат уште и селекциите на Тунис и Чиле.

Игор Карачиќ и Лука Циндриќ со репрезентацијата на Хрватска исто така ќе бркаат олимписка виза. Денес тие ќе имаат тешка задача на првиот натпревар против домаќинот Данска. Натпреварот ќе биде одигран во истиот термин како и нашиот натпревар. Во групата се уште Бахраин и Норвешка.

Последната квалификациска група ја сочинуваат Шпанија, Словенија, Шведска и Иран. Хорхе Македа и Алекс Душебаев се ракометарите од Вардар кои ќе не претставуваат во оваа група, на која домаќин е Шведска. Шпанија денес ќе отвори со селекцијата на Словенија.

Да потсетиме дека само првите две пласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат учество на олимписките игри во Рио.