Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > БРАВО! Кадетите на ФК Вардар во дербито ја победија Шкендија
БРАВО! Кадетите на ФК Вардар во дербито ја победија Шкендија

БРАВО! Кадетите на ФК Вардар во дербито ја победија Шкендија

Денес на програмата беше дерби дуелот во 16 коло од кадетската лига, во истиот се сретнаа нашиот Вардар како домаќин и Шкендија која гостуваше на теренот во скопско Марино. Мечот се одигра на тежок, влажен терен и во истиот победа однесе составот предводен од Колев со резулат 2-0 , на полувреме црвено-црните заминаа на одмор со истиот резулат 2-0. Мечот Колев го почна со следните 11 играчи: Зибери, Џуклевски, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Менкиновски, Стојчевски, Марковски, Трајчевски и Стојменов.

Тргнавме први во офанзива на почетокот со цел да го отвориме резулатот, но акциите завршуваа пред да навлеземе во опасната зона. Првите два обиди ги имавме преку Марковски Дејан и Менкиновски Дамјан кои први се обидоа да погодат во мрежата на Шкендија, Мечот во првата половина од првиот период изобилуваше со многу дуели, фаули и голема борба на средината од теренот. Стоименов не успеаа да прифати одлична дијаголнала беше сам на 16 метра со само еден одбранен играч на гостите во 25 минута заради мокриот терен . Се играше следната 26 минута  конфузија во одбраната на тетовчани, наумешен со луциден удар со глава од 18-20 метра  беше Трајчевски Александар кој постигна гол за 1-0 и голема радост во нашите редови. Шкендија единствената голема шанса во првиот дел ја имаше  во 34 минута преку Фазлагиќ кој од слободен удар го префрли нашиот жив ѕид, но за среќа топката мина над гредата. Напаѓаме во продолжение преку Тодоров нова шанса имаат црвено-црниот, но голманот на гостите Чадоровски умешно брани, исто така во продолжение и стрелецот на голот Трајчевски се обиде по земја сепак и овој удар го одбрани со голема мака Чадоровски. Трајчевски имаше уште една шанса доби корисен центаршут од десно  беше сам во казнениот простор во моментот кога требаше да ја прифати топката мокриот терен му попрече во смирувањето и така пропадна оваа солидна прилика за нас.  Се играше 43 минута одлична топка во казнениот простор прими Марковски кој шутна млако, но топката дојде до Менкиновски кој со удар по земја погодува за 2-0. До крајот остана малку време  кое рутинирано  го потрошивме и заминавме на одмор со два гола предност.

Вториот дел почна резервирано од двете екипи топката повеќе беше на средината на теренот, изобилство од дуели и прекршоци на мечот.  По петтата минута Шкендија мина во офанзива имаше серија напади пред нашиот гол, но нашата одбрана и голманот Зибери беа на висината на задачата. Колев во вториот дел повлече два потега од клупата влезе Јахја на место на Менкиновски и Скендеровски го замени Стојменов.  Имаме прва сериозна прилика по изведени корна од десната страна од капитенот Марковски, во конфузијата која настана во петте метри по центаршутот за жал наумешен беше противничкиот голман.  По оваа шанса црвено-црните го бранеа водството така што се повлекоа на својата половина и пред казнениот простор се бранеа со речеси целиот тим.  По петминутна дефанзива успеавме да се ослободиме од притисокот и да ја префрламе играта на туѓата половина, Марковски имаше двојна шанса во една акција, првин изведе слободен удар од лево на 25 метра голманот избоксува, топката повторно се врати кај него тој шутна одпрва, но повторно боксуваат голманот Чадоровски. Целосно сме во офанзива истиот играч убаво нафрла, топката умешно ја зафаќа Стојчевски, но таа мина крај левиот директ. Дишлиевски во 70 минута го замени одличниот денес Марковски.  Во наредните десет минути мирна игра на теренот без поголеми возбудувања на двете страни. Во 81 минута голема шанса преку Насковски кој шутна одлично, а гостинскиот голман топката ја исфрли со крајни напори во нов корнер за Вардар. Веднаш потоа повторно имаме голема шанса од слободен удар од 25 метра одкосо убав центрашут гостинската одбрана ја одби топката која дојде до Стојчевски кој упати одличен удар.  Спирковски Дино во 85 минута го замени одличниот Трајчевски кој прв го отвори резултатот денес. Јахја во следната минута излезе сам со противничкиот голман Чадоровски шутна млако што беше лесен плен за голманот на тетовчани. Шкендија се обидува да постигне почесен гол во финишот, но Малик голманот на црвено-црните одлично ја врши својата задача.