Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три победи за ФК Вардар генер. “2004“ на вториот пролетен турнир во “Јуниор лигата“
Три победи за ФК Вардар генер. “2004“ на вториот пролетен турнир во “Јуниор лигата“

Три победи за ФК Вардар генер. “2004“ на вториот пролетен турнир во “Јуниор лигата“

Градот Штип денес беше домаќин на вториот пролетен турнир во фудбалската “Вардар Јуниор“ лига, на кој се натпреваруваа екипи од т.н. источен регион. Настап имаше и фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2004“ година. Тие денес одиграа три натпревари и на сите мечеви забележаа победи.

На првиот дуел, противник ни беше екипата на Рудар Јуниор (Пробиштип), против кој забележавме победа од 3:0. Стрелци на головите беа Матео Софијански, Никола Анчевски и Лука Ивановски.

Веднаш после овој меч, избраниците на тренерот Филип Арсовски остварија уште еден нов триумф. Домашната екипа на Мал Ајакс-Вардар од Штип беше вториот противник за црвено-црните. Ново одлично издание за нашите млади надежи и нова победа, овој пат изразена со поголема разлика. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:0. Шест различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој меч. Матео Софијански, Димитар Стоимов, Теодор Перковски, Стефан Тасев, Никола Анчевски и Стефан Стојоновски погодија за Вардар.

До крајот на денот одигравме уште еден меч и тоа со генерација родени 2003 година од екипата на Мал Ајакс-Вардар. И на овој натпревар, иако игравме против повозрасна генерација, успеавме да победиме со резултат 4:1. Георг Стојановски постигна 2 гола, Матео Софијански 1 и еден автогол на противникот.

Оваа генерација имаше пеколен период каде одигра серија натпревари, гостуваше на турнир во Бугарија каде без пораз го освои 4.местото , вчера одигра коло на детската лига, а денес триумфално се прошета низ мечевите во Јуниор лигата.