Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трета година по ред, Вардарки ќе играат на завршниот турнир во лигата на шампиони
Трета година по ред, Вардарки ќе играат на завршниот турнир во лигата на шампиони

Трета година по ред, Вардарки ќе играат на завршниот турнир во лигата на шампиони

Вардарки трета последователна сезона успеваат да се пласираат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Иако бевме поразени на реваншот во Ларвик, поради убедливата победа во Скопје се најдовме на нов Ф4, кој и оваа сезона ќе се игра во Будимпешта. Само поради полсабото второ полувреме, не успеавме да победиме и на реваншот во Норвешка.

Норвешкиот шампион подобро го започна натпреварот, каде со двата гола на навниот најдобар играч Нора Морк имаа предност од 2:0. Нашиот прв гол беше дело на Јованка Радичевиќ за намалување на резултатот. Ларвик имаше водство само до 12 минута, кога за прв пат резултатот беше израмнет. Ларвик успева да се одлепи на резултат 4:1, што беше знак да се повика тајм-аут од клупата на Вардарки. Ова водство како да ги разлути црвено-црните кои прават серија од пет последователни погодоци за предност од 4:6. Амандин Лејно и на овој реванш дуел е повторно во центарот на вниманието, во првите осум минути собра 4 успешни интервенции. Ова водство го одржуваме се до 18 минута, кога со третиот погодок на Лазовиќ поведуваме со 6:8, Лејно не запира со одбраните, забележувајќи ја веќе 6 одбрана. Второто израмнување се случи во 22 минута, кога домашната екипа погодува за 8:8. Ларвик дури имаше и можност да поведе, но на голот последна пречка беше Лејно која ја забележа 7 одбрана, што и овозможи на Радичевиќ да постигне гол за водство од 8:9. Повторно Лејно брани удар на противникот а во нападот ние погодуваме за 8:10. На моменти им дозволувавме на Ларвик да се понадеваат дека можат до позитивен резултат, за трето израмнување на мечот 10:10. Во последните пет минути од првото полувреме, Вардар успева да постигне три гола, наспроти еден на Ларвик. Резултатот на полувреме беше 11:13. Лејно го заврши овој дел од натпреварот со двоцифрен број на одбранети удари, или вкупно 10 зад нејзиното име.

Второто полувреме со две обрани го отвара Лејно, веќе вкупно 12 но Нора Морк погодува за 12:13. Набргу и четврто израмнување на мечот 13:13, но за кратко бидејќи 14 одбрана на Лејно и овозможува на Радичевиќ да погоди за водство од 13:14. Во следните неколку минути се играше гол за гол, а Вардар мораше да продолжи беа Алтхаус која поради три исклучувања доби црвен картон. Следи мала “криза“ во нашата игра, што му овозоможува на Ларвик со неколку гола во серија да поведе за прв пат со највисоки 19:16. Брзо ние се враќаме во играта и намалуваме на само еден гол негатива 20:19, со погодок на Зебиќ од седум метри. До крајот на натпреварот Ларвик имаше постојана предност, која во еден момент изнесуваше четири гола 24:20. Андреа Човиќ го постигнува својот прв погодок на овој дуел за намалување на 24:21. Нов одличен натпревар на голот за Лејно која веќе нанижа 17 одбрани. До крајот Ларвик ја зачува предноста и успеаа да слави со резултат 28:26.

Најефикасна беше Радичевиќ со 7 гола, додека Пенезиќ и Лазовиќ беа стрелци на 5 погодоци. За најдобар играч во нашиот состав на крај беше прогласена Андреа Пенезиќ. Завршниот турнир ќе биде одигран на 7 и 8 мај во Будимпешта.