Младинките на ракометниот клуб Вардар продолжуваат со победи во пролетниот дел од сезоната. После триумфот во дербито со екипата на Металург, избраничките на Билјана Пецевска забележаа победа на гостувањто во Ѓорче, против истоимената екипа.
Вардарки добро го започнаа натпреварот, во првите десет минути од мечот имаа постојана предност која не беше повеќе од два гола разлика. Водство од 2:4 и 4:6 беше највисоката предност во овој дел од натпреварот, кога домашната екипа успеава со серија од три последователни гола да го преземе водсвото. Црвено-црните успеваат со добра игра во одбраната да се одлепат од противникот, кога при водство на Ѓорче од 9:8 правиме серија од 0:6 за највисоки 9:14 на натпреварот. До крајот на првиот дел само ја зголемивме за на полувреме да заминеме со резултат 10:16.
Второто полувреме започна со два гола на Вардарки за веќе убедливи 10:18. Кога помисливме дека на крајот ќе забележиме убедлива победа, сепак како одминуваше мечот Ѓорче полека но сигурно ја топеше нашата предност. Најпрво ја смалија на половина негативата на резултат 16:20, а во последните осум минути успеваат да стигнат и до само два гола негатива 20:22. Во последните пет минути проследивме драматичен финиш. Вардарки најпрво успеваат да поведат со 20:24 и да влезат во посигурна завршница, која не изгледаше баш така. Екипата на Ѓорче со четири голови во серија успева да направи подвиг и да израмни на 24:24. Анастасија Тодоровска беше јунакот за Вардар, таа го постигна последниот гол на мечот кој беше вреден победа.Конечниот резултат гласеше 24:25. Во последното коло од регуларниот дел, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Делчево, која е наш “должник“ од есенскиот дел од сезоната.
Ива Божиноска беше најефикасна со 9 голови, додека Бојана Пецевска додаде 4.
ЖРК Вардар: Мицевска, Костовска, Китановска 1, Божиноска 9, Николовска 2, Стамова 1, Белимова, Стојмановска 1, Колевска, Карчева, Георгиевска 1, А. Тодоровска 2, Т. Тодоровска 1, Пецевска 4, Костадиновска, Иванова 3, Спасовска.