Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за генерација “2006“ на вториот пролетен турнир во “Вардар Јуниор“ лигата
Две победи за генерација “2006“ на вториот пролетен турнир во “Вардар Јуниор“ лигата

Две победи за генерација “2006“ на вториот пролетен турнир во “Вардар Јуниор“ лигата

Денеска се одигра вториот пролетен турнир во фудбалската “Вардар Јуниор“ лига на кој се натпреваруваа екипи од т.н. источен регион. Градот Штип и екипата на Мал Ајакс-Вардар беше домаќин на денешните натпревари во Јуниор лигата. Свој настап имаше и Вардаровата генерација родени “2006“ година. Избраниците на Игор Кралевски одиграа два натпревари, на кои забележаа победи.

Во првиот меч младите Вардарци се сретнаа со екипата на Рудар Јуниор од Пробиштип, на кој забележавме убедлива победа. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 7:1. Се играа две полувремиња по 25 минути. Седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Стефан Колоски, Ангел Настевски, Никита Патаровски, Данил Ордевски, Дамјан Крстевски, Михаил Танчев и Марко Николовски се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар.

 На вториот дуел за противник ја имавме домашната екипа на Мал Ајакс од Штип. Нова добра игра и одличен меч за избраниците на Кралевски, кои беа подобра екипа на теренот и на крајот заслужено победија. Натпреварот заврши со резултат 5:1. Давид Голубов имаше ново голгетерско “шоу“ постигнувајќи хет-трик, додека во листата на стрелци се запишаа и Максим Цониќ и Драган Јанкоски.

Одлична организација од страна на домаќинот на овој втор пролетен турнир, со што успешно продолжува да функционира најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар.