Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинската ракометна репрезентација обезбеди пласман на ЕП во Данска
Младинската ракометна репрезентација обезбеди пласман на ЕП во Данска

Младинската ракометна репрезентација обезбеди пласман на ЕП во Данска

Со победата над Црна Гора, младинската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман на европското првенство во Данка. Избраниците на Александар Јовиќ утрово во решавачкиот натпревар за второто место во кавлификационата група беа подобри од селекцијата на Црна Гора. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 36:24.

Црнагорците единствено само во првите пет минути беа достоен противник за нашите јунаци, имаа водство од 0:2, но како одминуваше дуелот ние игравме се подобро. Набргу успеваме да го преземеме водството (6:4) и во продолжение од првото полувреме да го контролираме резултатот. Во еден момент имавме највисоки шест голови предност, кои за момент противникот успева да ги смали на четири негатива. Сепак до крајот на првиот дел Македонија има висока предност од 18:11.

По само десет минути игра во вториот дел имавме највисоки двоцифрена предност, за истата да биде константно зголемена. Црна Гора немаше ниту сили, ниту калитет да се спротистави на нашите млади надежи, кои им одржаа вистинска ракометна селекција. Големо засилување за овој најважен натпревар беше Филип Кузмановски кој допатува од Гдањск да им помогне на своите соиграчи да издвојуваат победа. Тој и беше најефикасен во нашиот состав со 1о постигнати голови. Се истакна Јагуриновски со 7, Крстевски 5 и Палевски со 4 погодоци. Од Вардаровите ракометари, во листата на стрелци се запиша Стефан Трпчевски кој беше стрелец на 2 гола. Покрај него на овој турнир ги имавме уште и Александар Димовски и Дејан Кукуловски, сите од редовите на РК Вардар 2.

Инаку на крајот го освоивме второто место, кое беше доволно за учество на големиот мундијал во Данска, во периодот од 28 јули- 7 август. Забележавме победи во мечот со Фарски Острови и Црна Гора, додека бевме поразени од домаќинот, репрезентацијата на Швајцарија.