Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште 60 минути за ЖРК Вардар, до трето учество на завршните турнири во ЛШ
Уште 60 минути за ЖРК Вардар, до трето учество на завршните турнири во ЛШ

Уште 60 минути за ЖРК Вардар, до трето учество на завршните турнири во ЛШ

Денес Вардарки го играат реванш натпреварот од четвртфиналето од лигата на шампиони со екипата на Ларвик. Веќе нашите девојки одржаа два тренинга во “Болигмапа“ арената и подготвени ги очекуваат последните 60 минути, кои треба да ги одработат за да обезбедат нов пласман на заршниот турнир во Будимпешта. Таму се веќе екипите на ЦСМ Букурешт и Ѓер. Романките успеаа да направат голем подвиг и изненадување и да го елиминираат фаворизираниот Ростов Дон, кој во двете групни фази немаше забележано ниеден пораз. Букурешт забележа уште една минимална победа и на гостувањето во Ростов, која беше доволна за пласман на Ф4. Во другиот четвртфинален меч, екипата на Ѓер уште еднаш високо го порази тимот на ФТЦ и по пауза од една година се враќа на завршните турнири.

Денес треба да се комплетираат и останантите два учесника кои ќе патуваат во Будимпешта. Големи шанси да се најдат таму се Вардар и Будуќност. Нашите девојки одиграа феноменален прв натпревар во Јане Сандански, победувајќи со високи 34:20. Сепак овој резултат не смее никако да не залажува и денес мораме да одиграме на нашето препознатливо ниво и ниту во еден момент да не му дозволиме на противникот да се понадева дека може да направи нешто повеќе. Атмосферата е одлична во нашиот тим, кој со нетрпение го очекува почетокот на овој натпревар, кој е закажан за 15:30 часот. Екипата е комплетна нема повредени играчи, па двоецот Камара-Кастратовиќ може да смета на сите девојки за овој реваш со Ларвик. Директен пренос од натпреварот можете да проследите на МРТ-1.