Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По нова победа, овој пат во Кратово
По нова победа, овој пат во Кратово

По нова победа, овој пат во Кратово

Денеска на програмата е 26 коло во ПМФЛ. Сите натпревари се играат денеска во истиот термин, а нашиот фокус ќе биде секако во Кратово на мечот помеѓу трето пласираниот тим на Силекс и водечкиот тим во првата лига Вардар. И двете екипи имаат обезбедено учество во плеј-оф лигата на две кола пред крајот. Кратовски Силекс има одлична сезона, игра во се подобра форма, на минатиот меч пред своите гледачи славеше над Ренова. Тимот на Силекс е составен од наши и српски играчи, најдобар стрелец на екипата е србинот Недељковиќ со десет постигнати погодоци. Во тимот ги имаме и младите играчи кои некогаш настапуваа за црвено – црните а тоа се Ацески, Васко Распашковски како и искустниот Горан Симов.

Натпреварот започнува во 16 часот, истиот можете да го проследите на линкот на нашиот тим директно од Кратово. Се надеваме на нови три бода за нашиот тим и продoлжување на серијата без пораз во 2016г.