Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Марио Ричков: Задоволни сме со освоеното четврто место бидејќи турнирот го завршивме без пораз
Марио Ричков: Задоволни сме со освоеното четврто место бидејќи турнирот го завршивме без пораз

Марио Ричков: Задоволни сме со освоеното четврто место бидејќи турнирот го завршивме без пораз

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година во периодот од 1-6-ти април учествуваа на силен меѓународен турнир “Евима куп“ во Бугарија. На крајот избраниците на Филип Арсовски го освоија чевртото место. Во групната фаза го освоивме второто место и само поради послаба гол разлика не се најдовме во борба за првото место. Високо ја победивме екипата на Карнобат (7:0), додека ремизиравме во дуелите со Полетерац (1:1) и Прециз Монтана (1:1). Во борбата за четвртото место бевме подобри од екипта на Раднички (2:0). Така успешно без пораз го завршивме и овој силен турнир во Бугарија. Во нашиот состав голгетерски највеќе се истакнаа Георг Стојановски со 5 и Марио Ричков со 4 постигнати голови.

-Бевме многу добро пречекани и сместени од организаторот на овој турнир. За нас е супер искуство што учествувавме на еден ваков силен турнир каде се покажавме во одлично светло, но немавме малку среќа на крајот. Игравме доста добро, борбено и дисциплинирано. Можеме да бидеме задоволни со освоеното четврто место бидејќи турнирот го завршивме без пораз. Се надевам дека и понатаму ке учествуваме на други вакви силни меѓународни натпреварувања. На турнирот постигнав 4 голови и многу сум среќен поради тоа. Ќе продолжам и понатаму да ги тресам мрежите на противникот, изјави Марио Ричков за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски