Денес со почеток од 15:30 часот во Норвешка ќе биде одигран реванш натпреварот од четвртфиналето на женската лига на шампиони, помеѓу екипите на Ларвик и Вардар. Црвено-црните на првиот натпревар одигран во Скопје славеаа убедлив триумф со резултат 34:20 и се многу блиску до пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Денес само треба да се одработи уште овој меч и полека мислите да ги насочиме кон Ф4.
За овој реванш меч, тренерскиот тандем Камара-Кастратовиќ се одлучи за следниот состав: Алтхаус, Черноиваненко. Човиќ, Дамјановиќ, Дембеле, Грбиќ, Ихнева, Хмирова, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Лејно, Пенезиќ, Радичевиќ, Сокач, Суслина.