Македонската машка кадетската репрезентација, до 18 години вчера одпатува за Бугојно , Босна и Херцеговина. Младите црвено-жолти ракометни надежи ќе учествуваат на силен меѓународен турнир -Ракометот е мојата иднина 2016.
Оваа македонска селекција ќе биде предводена од нашиот Стојан Петрушевски кој е предводник на екипата на Рк Вардар 2, тим кој е се вистински “хит“ во првата ракометна лига и неговиот помошник Оливер Димитриоски. Во оваа селекција имаме шест црвено-црни момци кој ќе настапат на овој силен турнир. Вчера за Бугојно отпатуваа нашите : Марко Кизиќ -Вардар, Андреј Мицаноски -Вардар, Кристијан Ѓоршевски -Вардар Јуниор, Дејан Кукуловски -Вардар 2, Антонио Николовски -Вардар Јуниор, Стефан Крстевски -Вардар 2. На овој турнир свое учество ќе имаат осум кадетски репрезентации, кои се поделени во две групи, нашата селекција е во грпата-Б. Покрај Македонија во нашата група се и Хрватска, Полска, и Катар . Според распоредот нашите мечеви во “Групата-Б“ се закажани по следниот радослед:
- Утре во 9.00 часот играме со Хрватска , а пак од 19.15 часот играме со селекцијата на Катар. Ден потоа во петок играме со Полска од 12-30 часот.