Денес во Будимпешта беше извлечена ждрепката за полуфиналните парови во женската лига на шампиони. Вардарки за противник го добија “посакуваниот тим на Букурешт. Во другото полуфинале ќе се судрат екипите на Ѓер и Будуќност. Веќе имавме можност да ги испробаме силите со Романскиот претставник во главната рунда, кога успеавме на два пати да ги победиме. Секако Букурешт ни малку не е за потценување, ако се земе во предвид дека го направи најголемото изненадување во 1/4 и го елиминираше Ростов Дон, нанесувајќи му ги единствените порази во лигата на шампиони.
Сега останува на Вардарки да се спремат максимално за овој меч, а дури потоа мислите да се насочат кон големото финале. Имаме историска шанса да играме во големото финале, што ќе значи и чекор поблиску до европската титула. Ф4 во Будимпешта ќе се одигра на 7 и 8-ми мај.