Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова победа за ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига
Нова победа за ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига

Нова победа за ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига

Денес продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. На терените на фудбалската федерација на Македонија настап имаше фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година. Противник во денешното коло им беше екипата на Нова Колонија. Вардарци убедливо го добија овој натпревар со резултат 4:0. Леонид Игнатов постигна хет-трик, додека во листата на стрелци се запиша и Харбин Речица.

Тренерот на црвено-црните Петар Ѓорѓиевски го започна овој дуел со следниве 11-сетмина: Станковски, Ѓорѓиевски, Симев, Костовски, Асенов, Давидовски, Трајановски, Андреев, Игнатов, Димитров, Фазлиу. Натпреварот започна со иницијатива на нашата екипа, која уште од првите минути почна офанзивно кон противничкиот гол. Нова Колонија успешно одолеваше на нашите напади, се до 22 минута кога на сцената стапи Леонид Игнатов. Ова момче со ремек дело и удар од над 20 метри успеаа да го матира противничкиот голман, за отварање на резултатот од 1:0. На вториот погодок не се чекаше многу време, отккао повторно Игнатов погодува за предност од 2:0. На голот претходеше акција од левата страна, се направи многу простор за нашиот напаѓач, кој не пропушти по втор пат да ја тресе противничката мрежа. Конечно и противничкиот тим дојде до можност да упати удар кон голот на Станковски, но само покрај голот. Во продолжение следеше одлична акција која тргна од половината на Н.Колонија, во улога на Фазлиу и Речица, овој вториот слабо биеше во завршниот удар. До крајот на полувремето ништо позначајно не се случи на теренот и на одмор се замина со резултат 2:0.

vardarfans sovladana n. kolonija

Вториот дел со шанса го отвори Атом Фазлиу, неговиот удар го брани голманот на Н.Колонија. Повторно во улога, Фазлиу кој речиси се сам направи се ослободи од неколку противнички играчи, но крајниот удар заврши непрецизно. Во игра во второто полувреме влегоа уште: Величковски, Стојанов, Пешовски, Величковиќ., Речица, Веловски, Шабани. Игнатов дефинитивно беше играч број еден на натпреварот, следува уште еден помајсторски гол од претходните два. Во стил на големите мајстори, Игнатов се ослободува од неколку играчи на Нова Колонија и бие прецизно за водство од 3:0. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на Нова Колонија. Ново влезениот Дамјан Веловски нафрли топка од десната страна, на неа наиде Харбин Речица, кој со глава го совлада противничкиот чувар на мрежата. Конечниот резултат гласеше 4:0.

Оваа генерација продолжува со добрите игри во детската лига, каде останува и после ова коло на врвот на табелата.