Екипата на Фк Вардар заврши со подготвителните натпревари на подготовките во Словенија забележувајќи само една победа,три нерешени резултати и претрпе еден пораз.
На првиот натпревар избраниците на Андреев ремизираа 2:2 со екипата на Крајова(Романија),иако по првото полувреме имаа водство од 2:1.Двата гола на овој дуел за екипата на Вардар ги постигна Филип Ивановски.Воедно овој дуел беше деби во црвено црниот дрес за новите засилувања:Кобетиќ,Грнчаров,Љамчевски,Петковски,Глишиќ и ерменецот Хамбарџумјан.
На вториот контролен натпревар,противник за екипата на Вардар беше НК Крушко од Словенија, и тука крајниот резултат гласеше идентично како на првиот дуел 2:2 (0:0).Во листата на стрелци на овој меч се запишаа Филип Петковски кој дојде од екипата на Тетекс,вториот гол повторно беше дело на Ф.Ивановски кој влегува во одлична гол форма и навестува одлична сезона зад своето име.
Конечно победа за Вардар,и тоа можеби против најзвучниот противник на овие подготовки,екипата на Сарајево од Бих.Вардаровите фудбалери одиграа одлично во текот на целиот натпревар и на крајот забележаа победа од 2:0 (0:0).На овој натпревар головите ги постигнаа засилувањето од Ерменија Ховханес Хамбарџумјан и миленикот на Комитите Влатко Гроздановски.На овој меч во Словенија присуствуваше и сопственикот на ФК,РК И ЖРК ВАРДАР господинот Самсоненко,кој пристигна во Словенија да им даде подршка на фудбалерите.
Првиот но и единствениот пораз на подготовките во Словенија,Вардар го доживеа против екипата на Зорја(Украина).Иако на овој меч поведовме со дебитантскиот гол на Бобан Грнчаров,повратникот во црвено-црните редови.За жал неколку минути подоцна Златко Таневски добива црвен картон и до крај игравме со играч помалку,кој го искористија Украинците и до крајот на натпреварот дури три пати ја тресат вардаровата мрежа за конечни 1:3 (1:2) на овој дуел.
И на последниот тест дуел во Терме Зрече,Вардар повторно одигра нерешено против екипата на Симрунг од Азербејџан.Избраниците на Андреев повторно први поведоа со голот на Хамбарџумјан за кој ова беше втор погодок во дресот на Вардар и се работи за одлично засилување по десната страна кој на подготвителните дуели забележа и доста асистенции покрај постигнататите голови.Неговиот сонародник од ерменската репрезентација Артак Дашјан го имаше својот првнастап во дресот на Вардар.На натпреварот се случува пресврт каде противникот успева да постигне два гола,но нивната радост е скратена со деби голот на Љамчевски во 86 мин. ,кој изедначува на 2:2 и со тоа го поставува конечниот резултат.Вардар останува во Словенија уште три дена,по што продолжуваат со подготовки во Австрија.
09.07.2014
фото:фквардар.мк