Вардаровиот 33 годишен стопер четврта сезона по ред ќе го носи дресот на Вардар.Ова е епилог од преговорите со управата,кои резултираа со продолжување на договорот до јули 2015.
-Долго сум веќе тука,и кога е Вардар е во прашање тој е во предност пред сите други клубови.Така да не размислував многу дали да останам.Оваа година не очекуваат многу работи и затоа максимално се спремаме за сите предизвици што ни следуваат- изјави Раденко.
Иако првично клубот не го продолжи договорот на српскиот интернационалец,сепак потребата од искуство во одбранбената линија е решено со едногодишно продолжување на договорот на Бојовиќ,за кој се очекува да се придружи на подготовките на тимот во Словенија.
-Од нас се очекуваат победи,радост и титули,и сметам дека оваа екипа го има квалитетот да го оствари тоа-изјави Бојовиќ за нашиот сајт.
28.06.2014
Звонко Ивановски