Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ловречиќ за Вардарфанс:Дадов се од себе,но одлуката на тренерот е последна
Ловречиќ за Вардарфанс:Дадов се од себе,но одлуката на тренерот е последна

Ловречиќ за Вардарфанс:Дадов се од себе,но одлуката на тренерот е последна

Играчот од средниот ред,Словенецот Анеј Ловречиќ по само 4 месеци поминати во екипата го напушти Фк Вардар.Ова го потврди клубот преку својата официјална страна.Ловречиќ во Вардар дојде од екипата на Васлуи.Вардарфанс го контактираше и за нашиот сајт го изјави следното:

-Може да кажам дека во Вардар и Скопје се беше добро и на многу високо ниво,луѓето во клубот беа коректни од почетотокот до крајот.Мене лично ми беше задоволство што настапував за Вардар,но сепак ми е жал за резултатот што го остваривме на крајот од сезоната -вели Ловречиќ.

Екипата на Вардар летово по катастрофалниот пласман на петата позиција,му даде доверба на Сергеј Андреев,кој реши да се ослободи од 12-тина фудбалери,меѓу кои беше и Ловречиќ кој имаше краток период за да ја здобие довербата на рускиот тренер.

-Знам дека дадов се од себе,мислам дека само после 4 мес.неможеш да процениш играч,но сепак одлуката на тренерот е последна.Му посакувам многу среќа како на Андреев,така и на Вардар-изјави Ловречиќ за Вардарфанс.

20.06.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply