Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Андреј Ричков за Вардарфанс:Бевме доминантни цел натпревар
Андреј Ричков за Вардарфанс:Бевме доминантни цел натпревар

Андреј Ричков за Вардарфанс:Бевме доминантни цел натпревар

Нема подобар почеток на сезоната од тоа кога во првото коло ќе го победиш вечниот ривал Пелистер и тоа на гостински терен во Битола.Младинците на Фк Вардар (У 18) кој ги предводи легендата на Вардар Љупчо Марковски-Калц ја започнаа новата фудбалска сезона со слатка победа против Пелистер на гости со резултат 0:2 (0:1)
Стрелци на головите за Вардар беа Есмин Личина од пенал во 16 минута,и Дарко Додевски со прекрасен удар од некаде 20 метри.

-Го контролиравме натпреварот,и бевме доминантни во поседот на топка,покрај постигнатите голови имавме и уште 4-5 стопроцентни шанси кои не ги искористивме,за разлика од противникот кој само еднаш посериозно се закани на нашиот гол,ни изјави одбранбениот играч Андреј Ричков  за нашиот сајт.

1.Трајчевски Филип 2.Ричков Андреј 3.Георгиев Стефан 4.Јошевски Филип 5.Берат Исмаил 6.Личина Есмин 7.Димков Виктор 8.Додевски Дарко 9.Беќири Јасир 10.Димитровски Теодор 11.Најдовски Александар.

Резерви: 12.Борче Картов 13.Ангеловски Божидар 14.Хамзиќ Едис 15.Панковски Виктор 16.Мамути Џавид 17.Трајчевски Александар 18.Салков Бенјамин 19.Тодоровски Борјан.

Следен натпревар на Фк Вардар У 16 е со екипата на Македонја Ѓ.П.

23.08.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply