Хокејот во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Се до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа Скопје се одигрувале на лизгалишта ширум тогашната Југославија, а претежно во Белград на лизгалиштето Ташмајдан.
По одржувањето на Светското првенство, се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб кој што се натпреваруваше во втората хокеарска лига на Југославија, исто како и сениорската екипа.
Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони на Југославија ( Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Цеље.
Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига. За жал, заради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар беше дисквалификуван и не стана член на првата хокеарска лига на Југославија.
Повторно КХ Вардар се возобновува од дузина ентузиасти и учествува во новоформираната Македонска Хохеарска лига .Во првото Државно првенство учествувале четири екипи, три македонски (Вардар, Металург и Фаворит Кико, како и екипата на Ред Стар од Бугарија)