Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Петре Завировски атлетичар на Вардар
Петре Завировски атлетичар на Вардар

Петре Завировски атлетичар на Вардар

Петре Завировски е млад дваесет годишен атлетичар на Вардар. Тој трча на долги патеки. За вардарфанс.мк даде една ретроспектива на неговата сезона 2014.
Сезоната за мене започна одлично. Бев конкурентен на секоја трка за највисок пласман. Победив на првенството на нашата армија во крос-кантри. Трката се оддржа во касарната во Кичево. Потоа на државното првенство на Македонија во крос-кантри во спринт финиш ја загубив трката и се пласирав на второто место. Како еден сериозен тест дојде државното првенство во полумаратон. Во екстра силна конкуренција во градскиот парк во Скопје настапија преку 100 тркачи, јас успеав да се пласирам на четвртата позицаја и го подобрив мојот личен најдобар резултат за 7 минути (1:25:21 / 1:18:30). Тоа ми обезбеди пласман на балканското првенство во полумаратон кое што се оддржа во Драч, соседна Албанија. Во конкуренција на најдобрите балкански полумаратонци го освоив 15 мeсто со најдобар резултат во мојата кариера 1:17:35.

zafirovski 2

 

Потоа следеше еден голем кошмар за мене. На првиот тренинг по Балканското првенство по истекот од првата третина на Април заработив повреда на десното колено. Паузирав 3 месеци. Го пропуштив Скопскиот маратон кој беше мој таргет натпревар. По повредата се вратив, изборив пласман за светското првенство во планинско трчање кое што се оддржа во септември во Италија – Касете Ди Маса. Предходно настапив на Охридскиот атлетски маратон (30км) на кој што истрчав најдобар резултат во мојата кариера на таа патека 2:04:59. Исто така настапив и на подгоричкиот полумаратон. Тоа беше мој последен настап оваа сезона истрчан под моите можности со резултат 1:23:09. По одмoр од десетина дена ги започнав подготовките за новата сезона која ќе започне кон крајот на Февруари.

zafirovski

Leave a Reply